Народниот театар Охрид ќе гостува фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, информира центарот за култура „Григор Прличев. Во рамките на фестивалот, вечерва, со почеток од 20 часот, Народниот театар Охрид ќе ја изведе претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски.