Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое припаѓа под универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“, и оваа година традиционално го одржува Меѓународниот студентски фолклорен фестивал, кој го прославува и својот 40-ти јубилеј. Фестивалот ќе се одржи од 22 до 26 август на две локации -плоштадот „Македонија“ – Скопје и плоштадот кај „Млечен ресторан“ со почеток во 20 часот. Ќе учествуваат повеќе земји меѓу кои Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.

Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите што помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста“.