„Цензура“ е изложба на фотографии на Соња Ставрова која ќе биде отворена на 6 мај во 20 часот во Мала станица – Националната галерија на Македонија.
– Фундаменталното човеково право слобода на говор и изразување мислење има суштинска улога во остварување и заштита на другите права. Слободата на говор e инхерентно човеково право јавно да се искаже своето мислење без страв од цензура или казна. Сепак, степенот до кој во практика се гарантира ова право, варира во голема мера од една нација во друга. Цензурата како забрана и стега отвара простор за творење кој постојано пркоси на контролата. Без цензура борбата за слобода е завршена – вели Соња Ставрова.
Соња Ставрова (1992) е студент на магистерски студии, на катедрата по фотографија на факултетот за Аудиовизуелни уметности ЕФТА. Во своето уметничко творештво фотографијата ја користи како медиум преку кој истражува општествени теми и актуелни глобални и локални случувања.
Како најчест израз ја користи концептуалната фотографија и симболизмот.
„Цензура” е нејзина прва самостојна изложба, и е дел од магистерскиот труд на истоимената тема.