Музејот на уметноста во Балтимор, САД ги откри плановите дека од идната година ќе купува само дела чии автори се жени. Во моментов, само четири проценти од колекцијата на музејот е од жени-уметници.
Како дел од иницијативата и визијата за 2020 година, музејот ќе организира и најмалку 20 изложби на кои се претставени најразлични дела од жени автори, вклучувајќи ја и Елиса Блаунт Мурхед.
Одлуката на музејот во Балтимор била осмислувана изминативе дне години.
– Јас би рекол дека Визијата во 2020 година е само продолжување на етичкиот кодекс кој е длабоко вграден во рамките на музејот – рече Кристофер Бедфорд, директорот на музејот.
Според него, „градењето постојана колекција е градење приказна за сите времиња“.