Со години, Сара Џесика Паркер не ја криеше својата голема желба уште еднаш да ја собере екипата на филмот „Сексот и градот“ во трето продолжение на филмот од истоимената франшиза, базиран на култната серија. Сепак, нејзините планови ги спречи Ким Катрал, која многу директно рече дека нема намера пак да ја повтори улогата на обожаваната Саманта.
– Бев дел од „Сексот и градот“ подолго отколку што требаше затоа што го сакав „Сексот и градот“. На многу начини, таа серија беше голем благослов, но по вториот филм, сфатив дека е доволно. Не сакам да поминам ниту еден час во ситуација кога не ми е пријатно. Сакам да изберам со кого ќе го поминувам времето приватно и професионално. Тоа е мојот живот – рече Ким.
Во меѓувреме се појавија многубројни информации за тензиите на снимањето и фактот дека Сара и Ким навистина не биле во добри односи, па никој не беше изненаден од најновите вести.
„Сексот и градот“ најверојатно се врати на малите екрани, но без Саманта.
„Еј-би-о мах“ планира краток рестарт на серијалот од неколку епизоди во кои играат Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), Кристин Дејвис (Шарлот Јорк) и Синтија Никсон (Миранда Хобс). Сè уште не е познато дали авторите целосно ќе го изостават ликот на Саманта, т.е. постои можност да ја игра некој друг.
Сара еднаш изјави дека не постои потенцијална нова Саманта.
– Имавме одлична врска со публиката, Њујорк и тимот што работеше на серијата. Ги направивме сите овие луди приказни заедно и затоа не сакам да ги расипам. Не можам да замислам некој друг во таа улога. Ким кажа сè што требаше да каже и тоа беше нејзина привилегија – заклучи таа.