Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис соопшти дека размислува да го иницира првиот директен контакт со рускиот колега Сергеј Иванов по неколку години.

– Размислувам за средба, но се уште нема одлука за тоа – изјави Матис.

Последната комуникација на ова ниво била во 2015 година, кога министрите за одбрана на Русија и САД разговарале телефонски. Влошувањето во односите меѓу двете земји ги прекина комуникациите.

На вчерашната прес-конференција, Матис, исто така, најави дека се размислува за испраќање на воени тимови во Северна Кореја, кои би помогнале во потрагата по телата на американските војници убиени во Корејската војна во 50-тите години на минатиот век.

САД не испратиле вакви тимови во Северна Кореја од 2005 година, но односите меѓу двете земји се подобрија по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатиот месец во Сингапур.