Производите што обично се поврзуваат со електронската трговија сè уште важат за најбрзорастечки сегменти од светската трговија на Интернет, но други производствени категории исто така ја забрзуваат онлајн продажбата. Според анализата на „Статиста“, на потрошувачкиот пазар продажбата на потрошувачка електроника и облека преку Интернет сè уште котира високо во уделот на вкупно остварената трговија. Според податоците, речиси секој петти домашен уред бил купен преку Интернет, а уделот се очекува да се зголеми до 31 отсто до 2023 година.

Продажбата на очила, која во моментов има едноцифрен удел во трговијата на Интернет, се очекува да го фати чекорот со поконкурентните категории до 2023-та, што ќе претставува двојно зголемување на онлајн продажбата во рамките на категоријата за шест години. Фармацевтските производи што се издаваат без лекарски рецепт, кои исто така се нови на пазарот за електронска трговија, се очекува речиси еднакво брзо да ја зголемат продажбата.

Храната, која е последниот сектор што може да се приклучи на електронската трговија, сè уште не е толку актуелна во продажбата во светски рамки. Иако некои држави веќе трошат еден од шест долари на онлајн буџетот за храна, сепак светскиот удел во електронската трговија на храна се предвидува да достигне околу три отсто од светската продажба на храна во 2023 година.