Фото: Принт-скрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир.

Тој исто така ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.

Зеленски ги повика жителите на тие области под руска окупација да не им даваат на руските сили какви било лични информации, како што се броевите на пасошите.