Фото: Принтскрин/Телеграф

Во Специјалниот суд во Белград денеска заврши распитот на К.К., момчето кое на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“, во продолжение на судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кечмановиќ.

Откако на првото рочиште протекоа бројни информации од судницата, судијата им се закани на медиумите да го почитуваат законот и овојпат нема никакви сознанија што се зборувало на судењето.

Извесно е само дека денеска прашања на К.К. му поставија родителите на убиените деца и членови на семејствата на убиените. За следното судење, кое е закажано за 1 ноември, изведувањето на писмените докази и сослушувањето на сведоците ќе се одржи во Палатата на правдата, каде што досега се одржуваше ова судење.

Малолетникот сведочеше од судницата, односно зад говорницата, бидејќи нема статус на особено чувствителен сведок.

Во овој случај им се суди на родителите на момчето и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

Да потсетиме, К.К., ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај уби девет свои врсници и училишен чувар. Утрото со намера да направи масакр доцнел на училиште и на часот по историја, а потоа со два пиштоли од татко му и ранец полн со молотови коктели влегол на влезната врата од училиштето и отворил оган. Тој прво ги убил чуварот и две девојчиња кои биле дежурни, а потоа влегол во кабинетот по историјата каде неговиот оддел имал час и испукал рафал. Во таа прилика убил уште шест негови врсници, додека уште тројца тешко ранил. Дванаесет дена подоцна, уште една девојка за жал им подлегна на повредите.