Рускиот претседател Владимир Путин денеска, обраќајќи им се на припадниците на единиците кои учествуваа во настаните во саботата, кога шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, започна бунт и се упати кон Москва, рече дека „запреле граѓанската војна“ – пренесе „РИА Новости“.
Обраќајќи им се на единиците на Министерството за одбрана, Руската гарда, ФСБ, Министерството за внатрешни работи и ФСО, на плоштадот на Парламентот во Кремљ, Путин истакна дека „вистинските бранители во тешки времиња застанаа на патот на немирите, чиј резултат би бил хаос“.
– Всушност вие прекинавте граѓанската војна, постапивте јасно и обединето – рече Путин, пренесе „РИА Новости“.