Учесниците на украинската конференција во Швајцарија треба да разговараат за мировната иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин доколку сакаат да го „спасат светот“ изјави официјалниот претставник на руското МНР Марија Захарова.
– Ако сакате да го спасите светот, зборувајте за предлогот на Владимир Путин. Рускиот претседател кажа се и го покажа вистинскиот пат кон мирот – нагласи Захарова во интервју за „ТАСС“.
Таа додаде дека само оние кои не сакаат мир не можат да ја разберат иницијативата на рускиот лидер.