Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денешната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија во износ од 200 милиони евра и дополнителни милиони евра дневно поради миграциската политика е срамна и неприфатлива.
Орбан во објава на платформата „Икс“ тврди дека Унгарија е казнета поради, како што наведе, бранењето на границите на ЕУ.
– Се чини дека илегалните мигранти им се поважни на бриселските бирократи отколку европските граѓани – рече Орбан.
Унгарија ќе мора да плати казна од 200 милиони евра затоа што не ги спроведува промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил – објави денеска највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата.