Фото: Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која наскоро има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н. Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.

Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена од Русија.

– Модерна Украина е создадена од Русија, болшевичка Русија. Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде – рече Путин во ТВ-обраќањето.

Тој го критикуваше поранешниот комунистички лидер Ленин, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина. Путин вели дека со тоа ја „обесправил“ Русија.

– Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Русија беше ограбена при распаѓањето на СССР – оцени Путин.

– Украина не е само наша соседна земја. Таа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат нашите пријатели и роднини – рече Путин.

Зборувајќи за безбедносната ситуација во источна Украина, Путин состојбата ја оквалификува како „критична“.

Обраќањето на Путин е во тек.