Белгија

Жозеп Борел, шефот на надворешната политика на Европската Унија (ЕУ), ѝ се заблагодари на полицијата и го осуди „бесмисленото уништување и насилство“ преку објава на Твитер, на која се гледа како стои пред скршено стакло во она што изгледа дека е влезот во Европската агенција за надворешно дејствување (ЕЕАС). Француското претседателство со Европскиот совет го осуди нападот, а бриселската полиција соопшти дека ги анализира видеоснимките за да се идентификуваат одговорните лица.
Десетици илјади луѓе протестираа во Брисел во неделата против ограничувањата поради ковид-19, а некои од нив се судрија со полицијата, која употреби водни топови и солзавец за да ги растера во близината на седиштето на Европската комисија. Според бриселската полиција, на собирот присуствувале околу 50.000 граѓани, а наводно имало учесници од повеќе европски земји, кои ги вееле своите национални знамиња. Исто така, можело да се забележи и антифашистичкото знаме, а на социјалните мрежи кружеше видеоснимка како демонстрант го пали знамето на ЕУ.
На почетокот протестот беше мирен, а проблемите настанаа подоцна, кога беше извршен упад во зградата каде што е сместена ЕЕАС. Полицијата соопшти дека повеќе од 60 лица се уапсени, а тројца полицајци и 12 демонстранти биле пренесени во болница. Една демонстрантка изјави дека собирот бил планиран мирно да се одржи, но група од околу 300 насилни хулигани се приклучиле и направиле хаос. Од повредените демонстранти и полицајци никој не бил во животозагрижувачка состојба.
Белгија се соочува со петтиот бран инфекции, а врвот се очекува да биде достигнат во наредните недели. Околу 89 отсто од возрасното население се целосно вакцинирани, а 67 отсто ја имаат примено и третата доза на вакцината против ковид-19.