Кина

Кина драстично ги зајакна контролите и санитарните мерки поради Зимските олимписки игри, кои треба да започнат на 4 февруари во Пекинг. Па, така, во кинескиот пристаништен град Тијанџин, кој се наоѓа на околу 115 километри од Пекинг, започна масовно тестирање за коронавирус, откако 20 деца и возрасни биле позитивни на тестот, од кои две лица се со сојот омикрон.
Според медиумите, заразени се 15 ученици на возраст од осум до 13 години, нивните наставници и родители. Масовното тестирање се очекува да биде завршено за два дена, а во градот живеат Тијанџин околу 15 милиони луѓе.
Во меѓувреме, милионските градови Ксиан и Јижоу се во карантин по новите случаи на заразени. Медиумите јавуваат дека кинеските власти периодов со зголемено темпо работат во обезбедување нормални услови за одржувањето на ЗОИ. Па, така, неодамна како мерка за подобрување на воздухот во кинеската престолнина властите засадија илјадници хектари борова шума.