Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан дека САД, а не Украина, ќе го признаат Крим како дел од Русија – објави „Аксиос“.

– Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот дека не го признава Крим како руски, а Трамп јасно ставил до знаење дека не го бара тоа од него. Планот е Соединетите Американски Држави да го сторат тоа, а не Украина“ –  според извештајот на американскиот портал.

Зеленски, исто така, му рекол на американскиот лидер дека не се плаши да прави отстапки за да го заврши конфликтот, но дека за тоа ќе му требаат прилично солидни безбедносни гаранции, објавува порталот.

Зеленски ги искористил своите 15 минути со Трамп во Ватикан за да го повика да заземе поцврст став кон Путин и повторно да му биде приоритет воспоставувањето прекин на огнот – изјавиле за Аксиос два извори запознаени со прашањето.

Покрај тоа, според еден од изворите, за време на разговорот, Трамп извршил притисок врз Зеленски што е можно поскоро да потпише договор за ретки минерали меѓу САД и Украина.

– Беше тoa одличен состанок и Зеленски не сакаше да ризикува – рече неименуваниот извор.

Разговорите во Ватикан на денот на погребот на папата Франциск дојдоа откако САД се заканија дека ќе се откажат од своите напори за посредување за воспоставување мир во Украина и откако Трамп го осуди Зеленски поради неговите коментари дека Украина нема да ја признае руската контрола врз Крим.