Продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е обид за купување време и подготовка за ненадеен напад – изјави советник на претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамад Бакер Калибаф.
Во објава на платформата „X“, советникот оцени дека продолжувањето на американската блокада на иранските пристаништа претставува чин еднаков на бомбардирање и порача дека тоа мора да добие воен одговор.
Претходно, Трамп најави продолжување на примирјето со Иран за да му даде дополнително време на Техеран за преговори, додека истовремено потврди дека блокадата на иранските пристаништа останува во сила.
Во објава на платформата „Truth Social“, американскиот претседател соопшти дека решил да го продолжи примирјето сè додека Иран не достави предлог за прекин на конфликтот.
Трамп додаде дека на американските вооружени сили им наредил да ја одржуваат блокадата и да останат во состојба на готовност.
Според него, одлуката е донесена на барање на Пакистан, со цел да се одложат нападите додека иранските лидери не изнесат единствен предлог за завршување на конфликтот.
































