Фото: Принтскрин

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека на Појасот Газа му остануваат вода, струја и гориво само за уште 24 часа пред да започне „вистинската катастрофа“.

Регионалниот директор на СЗО за Источен Медитеран, Ахмед Ал-Мандари, вели дека на конвоите со помош, кои во моментов се запрени на границата со Египет, мора да им се дозволи да стигнат до Појасот Газа, пренесе „Тајмс оф Израел“.