Преговорите за лимитот на американскиот долг ненадејно запреа откако главниот сојузник на претседателот на републиканскиот Претставнички дом Кевин Мекарти, му рече на републиканскиот претставник Гарет Грејвс од Луизијана, дека е време да се „направи пауза“ во разговорите.
Грејвс излезе од едночасовната сесија велејќи дека има празнини меѓу републиканците во Домот и демократската администрација.
– Време е да се притисне пауза, бидејќи седницата едноставно не е продуктивна – рече тој, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на „АП“.
Тој оцени дека преговорите станале „едноставно неразумни“ и дека е нејасно кога ќе бидат обновени.
Неименуван претставник на Белата куќа изјавил дека има „реални разлики“ меѓу партиите во однос на буџетот и дека „понатамошните разговори ќе бидат тешки“.
Истиот функционер рекол дека тимот на претседателот работи напорно на „разумно двопартиско решение“ што може да помине во Домот и Сенатот.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден се бори да постигне договор со републиканците, предводени од Мекарти, додека нацијата се движи кон потенцијална катастрофа за неисполнување на долгот, доколку владата не успее да го подигне лимитот за задолжување, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари.
Први јуни е крајниот рок кој Министерството за финансии го објави, односно тогаш ќе остане без готовина за плаќање на државниот долг.
Преговарачите се состанаа трет ден зад затворени врати во Капитол, надевајќи се дека ќе постигнат договор овој викенд, пред можните гласања следната недела.