Рацијата во вилата на Доналд Трамп на Флорида укажува дека истрагата во неговите активности значително се засилила откако тој ја напушти претседателската функција. Досега незабележаниот претрес во резиденцијата на поранешен американски претседател, кој има амбиции повторно да се кандидира, предизвика гнев кај поддржувачите на Трамп.
Истрагата опфаќа документи за кои постои сомнеж дека Трамп незаконски ги однел од Белата куќа на Флорида, а таа е засебна во однос на другите правни проблеми со кои се соочува поранешниот претседател.
Повеќемесечната истрага е фокусирана на 15-те кутии со документи пронајдени на имотот во Мар-а-лаго во јануари, што требале да бидат предадени на Националнот архив. Според законот од 1978 година, од претседателите се бара да ги префрлат сите белешки, мемоари, мејлови и други поврзани документи во Националните архиви по напуштање на функцијата. Посочениот закон не предвидува конкретни санкции, но пресудите за оштета на имотот на САД или за несоодветно постапување со документи носат казни до 10 години затвор.
Рацијата сама по себе не претставува доказ дека ќе бидат покренати обвиненија против Трамп, со што „Економист“ посочува дека поранешнот американски би можел да биде гонет кривично ако задржал доверливи документи откако ветил дека ќе ги испрати во Вашингтон. Но, дури доколку обвиненијата се вистинити, обвинителството би требало да докаже оти Трамп свесно го прекршувал законот, а за тоа треба да се потрпе на сведоци кои работеле за поранешниот претседател. Правните експерти се сомневаат и дека истрагата би можела да го спречи Трамп да се кандидира за претседател во 2024 година. Засега постојат само одредени назнаки околу тоа по кои документи трагале агентите на ФБИ што го вршеле претресот.
Републиканците реагираа жестоко на рацијата, со што повеќето од оние што го поддржуваат Трамп се обединија околу неговата изјава оти „вакви нешта се случуваат во земји од Третиот свет“. Републиканците бараат објаснување и од обвинителството, а покренаа и акција за собирање пари за поддршка на Трамп, под слоганот „запрете го Џо Бајден“.