Откривањето доверливи документи од мандатот на администрацијата на Бајден – Обама на најмалку две локации поврзани со Џо Бајден беше дочекано со вознемиреност од демократите, а со радост од страна на републиканците, со оглед на големите правни проблеми со кои се соочува Доналд Трамп поради чувањето доверливи документи на имотот во Флорида.
Министерството за правда ги испитува двете ситуации. Според Законот за претседателски досиеја, документите од Белата куќа треба да се испратат во Националната управа за архиви и евиденција откако на администрацијата ќе ѝ заврши мандатот.