Северна Кореја објави дека тестирала „супер голема“ боева глава на крстаречка ракета и нова противвоздушна ракета, oбјави агенцијата „Хина“ повикувајќи се на „ДПА“.
Тест за моќ на боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се одржа во петокот – објавија државните медиуми.
– Пробното лансирање постигна одредена цел – објави „КЦНА“.
Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со околната ситуација“.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарна боева глава.
Тестовите на крстаречки ракети не подлежат на санкции против Пјонгјанг. Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за носење нуклеарни боеви глави.
Наспроти позадината на конфликтот околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје, тензиите на Корејскиот полуостров повторно значително се зголемија.
Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа својата воена соработка, вклучително и заеднички маневри, како одговор на повеќекратните ракетни тестови на Пјонгјанг со нуклеарни капацитети во последните две години.