Се очекува Доналд Трамп да пристигне во судот на Менхетн околу пладне, при што инспекторите потоа ќе ја пополнат документацијата за апсење и ќе проверат дали има отворени кривични пријави или налози против него.
По приведувањето, поранешниот американски претседател вечерва треба да се појави пред судот. Тоа значи дека судијата ќе му ги прочита обвиненијата и ќе побара од него да ја признае вината. Тоа ќе се случи во истата судница каде минатата година неговата компанија беше осудена за даночна измама.
Се очекува Трамп да се изјасни за невин, а доколку го стори тоа, судијата ќе закаже дополнително сослушување или судење.
Трамп утре треба да се врати на својот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде што ќе им се обрати на медиумите.