Фото: Принтскрин

Соединетите Американски Држави изведоа воена операција во која е убиен еден од командантите на Исламската држава во Сирија, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Калид Аид Ахмед ал Џабури бил одговорен за планирање на нападите на Исламската држава врз Европа и за развој на раководната структура на оваа терористичка организација, се вели во соопштението на американската војска, пренесува „Ројтерс“.

Во нападот, кој беше извршен во понеделникот, нема загинати или повредени цивили, објави командата и нагласи дека Исламската држава „продолжува да претставува закана во регионот и пошироко“.