Репортери без граници денеска поднесе нова тужба пред Меѓународниот кривичен суд поради „воените злосторства извршени од страна на Израел против новинарите“.
Репортери без граници бара судот „да поведе истрага за злосторствата извршени на најмалку девет палестински новинари во периодот од 15 декември 2023 година и 20 мај 2024 година“.
Репортери без граници тврди дека над сто новинари од Појасот Газа „убиени се од израелската армија“.
Тоа е трета тужба за смртта на новинари во Појасот Газа пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, по оние на 31 октомври и 22 декември. Во денешната тужба се спомнуваат „осум дополнителни случаи на повредени палестински новинари и еден известувач“, сите додека ги извршувале нивните должности“.
Репортери без граници тврди дека има „разумни причини да верува дека некои од новинарите биле жртви на намерни убиства, а другите на намерни напади на израелската армија врз цивили“.
Тужбата на Репортери без граници конкретно се однесува на двајцата новинари на Ал Џезира, Хамза Дахдух и Мустафа Тураја, кои беа убиени во напад на нивниот автомобил во јужниот дел на Појасот Газа. Според израелската армија „двајцата управувале со беспилотни летала што претставувале непосредна закана за израелските војници“ и ги опиша како „терористички агенти“. Тврдењето на израелската армија беше демантирано од нивните семејства и Ал Џезира.