Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја не може да се развива изолирано од остатокот од светот и мора да се фокусира на развивање на сопствена технологија и поддршка на брзорастечките компании.
– Очигледно е дека не можеме да се развиваме изолирано од остатокот од светот и нема да се развиваме. Во денешниот свет е невозможно да се опкружи се и да се подигне огромна ограда, тоа е едноставно невозможно – рече Путин на седницата на Советот за стратешки развој и национални проекти, пренесе ТАСС.
Тој посочи дека антируските санкции претставуваат огромен предизвик за земјата, но дека Русија нема да се откаже, туку уште поинтензивно ќе се развива користејќи го постоечкиот потенцијал.
– Јасно е дека ова е голем предизвик за нашата земја, но ние не само што немаме намера да се откажеме или, како што предвидуваат некои наши добронамерници, да се вратиме децении наназад. Се разбира дека не, напротив, сфаќајќи ги огромните тешкотии што стојат пред нас, интензивно и компетентно ќе бараме нови решенија, ефикасно ќе ги користиме постоечките суверени технолошки резерви и развојот на домашните иновативни компании – изјави Путин, a пренесе Интерфакс.
Рускиот претседател призна дека сето тоа е исклучително тешка задача и додаде дека руските власти се свесни за тоа.
Тој рече дека се потребни мерки за поддршка на развојните институции и истакна дека е потребно да се разбере како тоа ќе се направи во услови на санкции.
Повтори дека намалувањето на сиромаштијата во Русија останува една од главните цели на националните проекти.
– Една од нашите главни национални цели, за која постојано зборуваме, е подобрување на економската состојба на нашите граѓани, зголемување на нивните приходи, особено за оние граѓани кои живеат, благо кажано, скромно, односно главната цел е намалување на сиромаштијата – изјави Путин.