Фото: Пиксабеј

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека процесот на дедоларизација меѓу членките на БРИКС е неповратен.

– Неповратниот процес на дедоларизација зема замав, се прават напори да се развијат ефективни механизми за меѓусебно порамнување и монетарна и финансиска контрола – рече Путин во видео обраќањето за време на самитот на БРИКС во Јоханесбург, пренесe „ТАСС“.

Тој додаде дека се намалува учеството на долари во плаќањата за извоз и увоз и дека лани изнесувало 28,7 отсто.

Претседателот на Русија посочи дека членките на БРИКС соработуваат на принципот на еднаквост и взаемна поддршка, како и дека меѓусебните инвестиции на земјите членки се зголемени шест пати во последните 10 години.

– Инвестициите во глобалната економија се двојно зголемени, а нивниот вкупен извоз достигна 20 отсто од светскиот извоз – рече Путин.