Фото: Принт-скрин

Најмалку три лица загинаа по пукање во супермаркет во американската сојузна држава Орегон, јавува „Еј-би-си њуз“.

Инцидентот се случил околу 19 часот по локално време во гратчето Бенд, пишува „Еј-би-си“.

Меѓу загинатите е и осомничениот напаѓач, соопшти локалната полиција.

Полициските службеници веруваат дека вооружениот осомничен најпрвин пукал на паркинг и во правец на продавница, а во таа прилика нема повредени.

Потоа влегол во супермаркетот и застрелал најмалку едно лице во близина на влезот, кое било пренесено во локалната болница и таму била прогласена за мртва, соопшти полицијата.

Осомничениот потоа продолжил, убивајќи уште најмалку едно лице. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, во продавницата пронашла мртво трето лице, за кое се претпоставува дека е напаѓачот.

Истрагата е во тек.