Фото: Твитер/Џо Бајден

Американскиот претседател ќе помилува илјадници осудени за поседување марихуана

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе помилува илјадници луѓе осудени за поседување марихуана под федерална јурисдикција, соопшти денеска Белата куќа.

Денешната одлука се надоврзува на слична одлука издадена непосредно пред среднорочните избори во 2022 година, со кои илјадници осуденици за поседување канабис се подобни за помилување.

Лицата кои сега ги исполнуваат условите од таа одлука можат да поднесат барања за помилување до правната канцеларија на Министерството за правда, која издава потврди за помилување.

Бајден ќе им даде помилување на 11 лица кои служат како што Белата куќа ги нарече „несразмерно долги“ казни за ненасилни прекршоци за дрога.

Претседателот Бајден во изјавата рече дека неговите постапки ќе помогнат „да се реализира ветувањето за еднаква правда“.

„Кривичните досиеја за употреба и поседување марихуана поставија непотребни бариери за вработување, домување и можности за образование“, насведе Бајден.

„Премногу животи се уништени поради нашиот неуспешен пристап кон марихуаната. Време е да ги исправиме овие грешки“.

Бајден денеска го повтори својот повик до гувернерите и локалните лидери да преземат слични чекори.