Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина треба да почне денеска попладне во Белорусија, јавија руски медиуми кои се повикуваат на белорускиот политиколог Јуриј Воскресенски, близок до организаторите на разговорите.

-Разговорите се планирани да започнат во 15 часот по московско време, но тајмингот може да се промени поради проблеми со логистиката на украинската делегација – пренесуваат медиумите.

Разговорите меѓу руските и украинските претставници започнаа на украинско-белоруската граница на 28 февруари. Втората рунда од разговорите се одржа на 3 март. Досега се без никаков суштински пробив.