Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека повеќе од 100.000 луѓе останале без греење во пристанишниот град Миколаев по напад на руско беспилотно летало врз енергетската инфраструктура.
– Оние кои сакаат да го вратат мирот и се подготвуваат за преговори не го прават тоа- рече Зеленски, прецизирајќи дека тимовите на терен работат на обновување на греењето во Миколаев.
Зеленски ги повика сојузниците на Киев да реагираат силно и да работат заедно за да ја принудат Русија да склучи мир.
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека руски беспилотни летала ја оштетиле термоцентралата во Миколаев во текот на ноќта.
– Ова е направено намерно, за да се остават луѓето без греење на температури под нулата и да се предизвика хуманитарна катастрофа – рече тој.
Регионалниот гувернер Виталиј Ким изјави дека нападот предизвикал пожар, кој пожарникарите брзо го ставиле под контрола.