Поранешниот командант на руската паравоена група „Вагнер“ побара азил во Норвешка откако дезертираше од оваа платеничка единица. Андреј Медведев (26) минатиот петок ја преминал границата со Норвешка, каде што бил приведен од граничари.
– Тој во моментов се наоѓа во областа на Осло каде што се соочува со обвинение за нелегален влез во земјата, изјави неговиот адвокат Бринџулф Риснес за „Би-би-Си“.
Адвокатот додаде дека неговиот клиент ја напуштил групата „Вагнер“ бидејќи бил сведок на воени злосторства во Украина. Се верува дека неговото бегство е првиот познат случај на пребегнување на војник од групата Вагнер на Запад.