Фото: Принтскрин

Руските вооружени сили денеска извршија масовен напад врз објекти на витална украинска енергетска инфраструктура што го поддржуваат воено-индустрискиот комплекс, како одговор на употребата на шест американски ракети ATAКMС од Киев за напад на аеродромот во Таганрог – соопшти руското Министерство за одбрана.

Целта на нападот е постигната, погодени се сите објекти, нагласи руското министерство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија утрината лансирала 93 проектили и 200 беспилотни летала во еден од најголемите напади врз енергетскиот систем на Украина.