Поради сомнение за сторено кривично дело закана и недозволено држење, производство и набавка на оружје и распрскувачки материи, полициски службеници ја завршија кривичната истрага против 57-годишник од Сисак, Хрватска, објави Индекс.хр. Тој е осомничен дека во вторникот во Сисак и се заканувал на 49-годишна жена, под дејство на алкохол. Мажот е уапсен, а во рамки на кривичната истрага, по наредба на судот, извршен е претрес во домот и други простории што ги користел осомничениот во месноста Петрин, соопштија од Полициската управа на Сисак-Мославина.
При претресот биле пронајдени и одземени пет рачни бомби, зоља, артилериска муниција и 100 парчиња разновидна муниција.
По завршување на кривичната истрага, осомничениот е предаден на притворниот надзорник на ПУ Сисак-Мославина за горенаведените кривични дела, соопшти полицијата.