Кабинетот на украинскиот претседател денеска како „намерна провиокација од Москва“ ги оцени руските тврдења за упад на украински диверзанти во руската погранична област
– Приказната за диверзантска група во Русија е класична, намерна провокација. Русија сака да го исплаши своето население за да ја оправда својата инвазија врз Украина – објави на Твитер Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Подољак навести дека инцидентот што го пријавиле руските безбедносни служби и локалниот гувернер на Брајанск е поврзан со акцијата на руските „партизани“ – милитанти кои користат методи на герилска борба.
Тој, исто така, посочи дека „партизанското движење во Русија станува се посилно и поагресивно“.
Руските власти известија дека украинска „разузнавачко-диверзантска група“ се инфилтрирала во областа Брајанск, во селото Љубечане и отворила оган врз возило, убивајќи еден жител и ранувајќи едно дете.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека настаните во Брајанск се „терористички напад“ и додаде дека се преземаат мерки за уништување на „украинските терористи“ кои извршија прекуграничен напад.