Transporten voen avion
Фото: ЕПА

Пет лица загинаа кога мал авион се урна на островот Каталина во близина на брегот на Јужна Калифорнија, соопштија денеска властите.

Двомоторниот Бичкрафт 95 се урна во вторникот нешто по 20 часот, само неколку моменти по полетувањето од аеродромот Каталина во близина на островскиот град Авалон, соопшти Федералната управа за авијација.

Во авионот имало пет лица, чии тела биле пронајдени на местото на несреќата на нерамен терен на околу една милја западно од аеродромот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.