Претставниците на САД, Канада, Нов Зеланд, Јапонија и Австралија денеска го напуштија состанокот на министрите за трговија на земјите од азиско-пацифичкиот регион во Бангкок, протестирајќи против руската инвазија на Украина, потврдија официјални лица.
Британските медиуми пренесуваат дека претставниците од Канада, Нов Зеланд, Јапонија и Австралија им се придружија на Американците и го напуштија состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEK), повикувајќи се на двајца тајландски претставници и двајца дипломати.
Заминувањето од салата на претставниците на петте земји се случи за време на говорот на рускиот министер за економски развој, Максим Решетников, на самиот почеток на дводневниот состанок на оваа организација, што брои 21 членка, пренесе агенцијата Кјодо.