Папата Франциск денеска изјави дека за мир е потребна добра политика и дека светот без политика не може да функционира.
– Може ли светот да функционира без политика? Може ли (светот) да најде ефективен пат кон универзално братство и социјален мир без добра политика? Нашиот одговор на овие прашања е: Не? Потребна ни е политика – рече папата, цитирајќи ја неговата енциклика „ Сите браќа“, на Самитот на Г7, што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација.
Папата Франциск денеска со хеликоптер пристигна во одморалиштето, со што стана првиот папа што учествувал на Самитот на Г7.