Фото: Принтскрин

На детски настан во украинскиот град Чернихив експлодираше фрлач на гранати, при што повредени се 15 лица, меѓу кои осум деца.

Експлозијата се случила на непланирана изложба на воена опрема во северниот украински град во саботата, соопштија локалните власти. Во неделата четири лица се пренесени во болница, пренесува британски „Телеграф“.

Во своето вечерно видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека две лица оттогаш се приведени.

-Две лица кои директно учествуваа во трагичниот инцидент во Чернихив се приведени под сомнение дека сториле кривично дело – рече тој.