Фото: Министерство за одбрана на Украина

Во новата размена на затвореници со Русија, ослободени се 76 Украинци, објави денеска Киев, не прецизирајќи го бројот на Русите што ѝ ги предал на Москва.

– Разменивме 60 војници, од кои 10 офицери. Шеснаесет цивили исто така се вратија дома – објави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм.

Ова е петта размена на затвореници од почетокот на воениот конфликт.

Во петокот, на 15 април, беа разменети затвореници во јужниот регион Херсон.

Ден претходно, 30 Украинци беа ослободени, а уште 26 претходно истиот месец.

На 1 април 86 украински војници беа разменети за руски затвореници.
Украинските безбедносни сили во понеделникот објавија видео од бизнисменот Виктор Медведчук, близок до рускиот претседател Владимир Путин, барајќи тој да биде разменет за војници и цивили од опколениот град Мариупол.