Поезијата на Ацо Шопов е истовремено и лична и општочовечка

– Со Кристина Е. Крамер американска лингвистка, славистка и балканистка, долгогодишна шефица на Одделението за словенски јазици и книжевности при Универзитетот на Торонто, која во моментов работи на препев на англиски јазик на поезијата на Ацо Шопов, еден од најголемите македонски поети и втемелувач на современата македонска поезија, ексклузивно за „Нова Македонија“ разговараше лично ќерката на поетот, Јасмина Шопова.

Крамер како преведувачка на македонски автори, е добитничка на признанија за превод, меѓу кои стипендијата од Националната фондација за уметност на САД.
Авторка е на обемен прирачник по македонски јазик за англофони. Од 2009 година, таа е членка на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав.
Четириесет години од смртта на поетот се навршуваат утре, на 20 април.

…Еден ден во далечната 1982 г., Крамер оди во Институтот за македонски јазик и наидува на чудна атмосфера. Влегува во Институтот и рецепционерот Ристо ѝ вели:
„Кристина, денеска нема никој на работа. Умре Ацо Шопов…“ Тогаш првпат го слуша неговото име. На денот на неговата смрт…
„Не можев да разберам: Кој е тој човек поради чија смрт Институтот е празен и пуст? Ристо ми рече: Па тој е нашиот главен поет!“, раскажува професорката за својот
прв контакт со името на големиот поет, чија поезија сега ја препејува на англиски јазик…

Интервјуто прочитајте го во утрешниот број на „Нова Македонија“

(ОБНОВЕНО) – ЛИНК до објавената содржина