Фото: Национален архив на САД

Американскиот национален архив објави околу 13.000 документи во врска со убиството на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година, кое предизвика запрепастување ширум светот и безброј шпекулации до денеска.

Повикувајќи се на националната безбедност Белата куќа го блокирала објавувањето на илјада други документи. На денеска објавената архива веќе е симната ознаката тајност во декември 2021 година.

Убиството на популарниот американски претседател на 22 ноември 1963 година во Далас, во Тексас, даде повод за бројни теории на заговор, поттикнати од стотици книги и филмови како „ЏФК“ (1991) од Оливер Стоун.