Нуклеарна електрана „Запорожје“/Фото: Енергоатом

Нуклеарната централа Запорожје повторно добива електрична енергија директно од украинската мрежа откако инженерите поправаа еден од четирите главни надворешни далноводи, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Електричниот далновод беше оштетен за време на борбите меѓу украинските и руските вооружени сили.

 – Поправениот далновод од 750 киловолти сега ја снабдува најголемата европска нуклеарна централа (чиј последен оперативен реактор беше исклучен на 11 септември) со потребната електрична енергија за ладење на реакторот и други важни безбедносни функции – се истакнува во соопштението на МААЕ