Фото: Принт-скрин

Во складиште за муниција на Крим се случија експлозии, објавува „Ројтерс“, додека руската новинска агенција ТАСС јави дека во северниот дел на Крим експлодирало складиште за муниција, повикувајќи се на управата на локалното село Мајское.

Руското министерство за одбрана соопшти дека нема сериозни загуби по експлозиите во Мајское, според РИА новости, која објави дека се случил и пожар во трансформатор за електрична енергија што се наоѓа околу 20 километри подалеку.

Минатата недела дојде до експлозии и во воздушна база во Новофјодоровка на западниот брег на Крим, во кои беа уништени повеќе руски воени авиони, според западните медиуми. Москва ги оквалификува експлозиите како несреќа.

Русија го анектираше Крим во 2014 година, по што полуостровот претставува база на руската Црноморска флота.