фото: Пекселс

Новата 2024 година е пречекана во Нов Зеланд, а во најголемиот новозеландски град Окленд од Скај Тауер (Sky Tower), највисоката зграда во земјата, беше пуштен огномет.

За два часа соседна Австралија ќе ја пречека Новата година, а огномет ќе има и од мостот Харбур во Сиднеј.

Во Сиднеј се распоредени повеќе полицајци од кога било за да се осигура безбедноста на повеќе од милион луѓе, кои се очекува да се соберат за да добијат најдобар поглед на огнометот, објавија австралиските медиуми.

Жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати, кој е во рамки во островската држава Кирибати први во светот ја пречекаа Новата година.