Фото: Принт-скрин

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува затворска казна од единаесет и пол години, соопшти дека е трајно префрлен во самица.

Навални изјави и дека неговите права за посети се ограничени, јави денеска Би-би-си.

Рускиот опозиционер вели дека овој потег се случил само четири дена пред планираната посета на неговото семејство и дека целта била да го замолчат.

Тој на својот Инстаграм профил со помош на своите адвокати напиша дека неколку пати бил во самица, но најдолгата била 15 дена.

Навални беше осуден на затвор по низа обвиненија, вклучително и измама и непочитување на судот, за кои рече дека се измислени, пренесе Би-Би-Си. Навални беше приведен во казнена колонија на 250 километри источно од Москва, а беше уапсен во јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше по труењето со нервен агенс, за што го обвини руските власти.

Навални беше најостриот опозициски критичар на рускиот претседател Владимир Путин.