Фото: Official - G7 Hiroshima Summit

Последното коминике на самитот е остра критика на Кина, известува новинарот на Ал Џезира, Роб Мекбрајд.

– Пекинг е осуден за неговото негативно влијание врз соседите и на глобалната сцена и обвинет за штетни деловни практики како што се вршење економски притисок, зајакнување на воените капацитети, недостаток на транспарентност и зголемување на неговиот нуклеарен арсенал, пренесува Мекбрајд, додавајќи дека Пекинг дополнително збеснал од средбите на маргините на овој самит.

На последниот ден од самитот во јапонскиот град Хирошима, лидерите на Г7 ја потврдија поддршката за Украина против руската агресија.

Американскиот претседател најави нова испорака на оружје и муниција за Украина, која вклучува артилерија и оклопни возила.

Претходно Америка потврди дека ќе ја поддржи и испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина.