Најмалку едно лице загина кога ураганот „Кирк“ го погоди јужниот дел на Франција, а повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја, објавија утринава француските медиуми.
Три чамци беа превртени од ветрот во близина на пристаништето Сете, на југот на Франција, при што еден мртов и еден во критична состојба.
Трите најзагрозени општини се Атлантските Пиринеи, каде 16.000 домаќинства се без струја, Ду, каде 9.500 домаќинства остануваат без струја и Јура, 4.900.
Железничкиот сообраќај утрово е во прекин на неколку локални линии во пет региони поради поплави и соборени дрвја од ураганот „Кирк“.
Францускиот весник „Фигаро“ објави дека синоќа имало голема штета во просториите на Националното собрание. Во просторот каде што се наоѓаат канцелариите на пратениците, вода навлегла во дел од просториите, особено во подрумот.