Речиси 30 земји ќе бидат претставени попладнево на состанокот организиран од Франција за поддршка на Украина, најави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне.
– Вкупно 28 земји се претставени, вклучувајќи 21 на министерско ниво од нивните министри за надворешни работи или за одбрана -, се вели во соопштението. Состанокот ќе се одржи од 16 до 18 часот по локално време преку видео-конференција.
На 26 февруари во Париз се одржа меѓународен состанок за поддршка на Украина на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.
Се очекува земјите денеска да работат на осум теми: муниција, принципи за складирање, кијбер простор, заштита на границите, заштита на ранливите држави, деминирање, индустриско производство на терен во Украина и „9-та коалиција“ за проектили.
Меѓу учесниците ќе бидат и министрите за надворешни работи и за одбрана на Украина, полскиот шеф на дипломатијата, министерот за одбрана на Италија… Германија ќе ја претставува државен секретар.
Франција ја нагласува потребата да се засилат напорите за поддршка на Украина за одвраќање на Русија, како и потребата да им се помогне на соседите на Украина.
Сежурне се очекува утре да замине за Вилнус на заедничка средба со неговите колеги од балтичките републики и со својот украински колега Дмитро Кулеба, по средбата во вторникот со германската колешка Аналена Бербок во Париз.