Низата инциденти во територија на Транснистрија ги поттикнаа стравовите
дека кризата од Украина би можела да се прошири во соседна Молдавија

Мистериозните експлозии во прорускиот регион Транснистрија, кој се граничи со Украина, ги зголемија стравовите дека конфликтот може да се прошири. Случувањата во Транснистрија би можеле да ја дестабилизираат Молдавија и да се отвори нов фронт во конфликтот. Одеса, која е клучен пристаништен град во Украина, се наоѓа источно од Транснистрија. Ако Русија ја зајакне самопрогласената република, тогаш би можела да тргне кон Одеса од запад. Нејзината офанзива кон градот од исток претходно беше запрена од украинските сили. Со такво можно сценарио, украинските сили би биле принудени да се пренасочат.